ВОДОВОДНАТА ЦЕВКА КОЈА ГО СНАБДУВА ТЕТОВО СО ВОДА НАМЕРНО ДУПНАТА - екипите на терен, се бара сторителот
Дупната цевка и проблеми со водоснабдувањето во Тетово објави на социјалните мрежи градоначалникот на општината.
Објави дека случајот е пријавен во полицијата и ќе се бара пронаоѓање на сторителите.
- Ве известуваме дека главната цевка на водоводот во Лешница, која го снабдува Тетово со вода, е намерно оштетена од непознати лица со остар предмет.
Интензивно се работи на санирање на настанатиот проблем, а до целосното отстранување можно е да има прекини во водоснабдувањето.
Општина Тетово случајот го пријави во полиција и бара што поскоро расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителите - објави градоначалникот на Фејсбук.
Слично
