Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОДОСТОЈОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО РАСТЕ: Можно ли е да има нови поплави?

ВОДОСТОЈОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО РАСТЕ: Можно ли е да има нови поплави?

Неколку дена водостојот на Охридското Езеро расте по два сантиметри дневно, а денеска нивото на езерото достигна до 13 сантиметри над максимално дозволената кота. 

Тоа значи дека останува отворена можноста за повторно поплавување на куќите долж крајбрежјето, доколку повторно задува југ, што е вообичаено за овој период од годината.

По саботното невреме екологистите будно ја следат состојбата.  Ваквата состојба според нив може да има лошо влијание и врз екосистемот.

Во меѓувреме Општинската комисија ги проценува штетите, а до денеска околу 100 граѓани доставиле барања за обештетување од циклонот  Хектор кој во саботата го погоди  охридското крајбрежје.

Слично

Поврзани вести