ВОДОСТОИТЕ ЗГОЛЕМЕНИ: Излеани се две реки во земјава
Рeката Вардар се излеa кај селото Форино, Гостиварско, поради што постои опасност од поплавување на куќи.
Излевање има и на Црна Река на повеќе места по должината на коритото, велат од ЦУК.
Можни критични точки од излевање на реката Вардар се селото Раотинце, а водостојот на Црна Река веќе е критичен кај селото Бучим.
Во Кумановско постои опасност од излевање на реката Пчиња кај Пелинце, Крива Река, Треска кај Пласница.
„Најновите информации од автоматските станици измерени синоќа во 21,00 часот покажуваат и понатаму високи водостои. На станицата во Јегуновце (река Вардар) измерени се 214 цантиметри и според наши согледувања соодветно на водните количини во реката, во околина на станицата возводно и низводно очекувано е да има излевања на реката Вардар“- соопштија од УХМР.
Поради топењето на снегот и влагата во почвата, можна е и појава на одрони и свлечишта низ целата територија.