ВОДОСТОИТЕ НАД ПРОСЕКОТ: Само кај две реки има исклучок
Водостоите на скоро сите реки во земјава денеска се над просекот за месец март, а нивното ниво е зголемено во однос на вчера, со исклучок на Брегалница на мерното место кај Берово каде водостојот е ист како и вчера.
Пониско ниво од просечното имаат Крва Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово, соопштија од УХМР.
Водостоите на природните езера се во рамките на повеќегодишниот просек за овој месец.
Зголемениот водостој не е неочекуван затоа што имаше најави за обилни врнежи од дожд, односно над 40 литри дожд на метар квадратен во западниот дел на Македонија.
Дополнително има и топење на снегот.
Слично
