Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водостоите на реките и езерата го надминаа просекот за март

Водостоите на реките и езерата го надминаа просекот за март

Водостоите на реките во земјава го надминаа  просекот за март. Единствен исклучок е Црна Река на мерното место Новаци каде нивото е за една третина пониско од вообичаеното.

Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на реките се на исто ниво или се намалуваат во однос на вчера. Благо зголемено е нивото само кај Вардар на мерните места во Велес и Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Штип, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Зголемени се и нивоата на  природни езера. Тие имаат повисок водостој од вообичаениот, а единствено нивото на Преспанското Езеро е малку под просекот за овој месец.


Слично

Поврзани вести