Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОДИТЕЛОТ ЖАНКО ГОЛАБОСКИ ВО ХУМАНА АКЦИЈА: Ќе планинариме на Галичица за Јане

ВОДИТЕЛОТ ЖАНКО ГОЛАБОСКИ ВО ХУМАНА АКЦИЈА: Ќе планинариме на Галичица за Јане

Актерот, радио и ТВ водител Жанко Голабоски, во неговиот Охрид познат како бате Жанко или Жанко ЗШ, денеска со своето Здружение за планинарење, велосипедизам и еко култура „ЗШ авантура“ ќе го подржи Јане Велковски. Приказната за деветгодишното момче од скопската населба Хром кое боледува од спинална мускулна атрофија а е голем вљубеник во фудбалот го обиколи целиот свет. За борбата со неговата болест, тој доби поддршка од многу светски фудбалски ѕвезди: Фиго, Пандев, Елмас, Гомеш, а од Пол Погба доби покана да следи натпревар на „Манчестер Јунајтед“ во рамките на Лигата на шампионите. Жанко и неговитедругари планинари од „ЗШ Авантура“ денеска ја реализираат акцијата „Планинариме за Јане“.

„Рано наутро тргнуваме од Охрид, Велестово. Ќе одиме до врвот на Галичица, Бугарска чука и назад до Велестово. Неколку години наназад соработуваме со Здружението за ретки болести и даваме наш придонес. Јане е вистински херој и заслужува сите да го поддржиме“, изјави Жанко за „Женски Магазин“ и продолжи со опис на денешната тура.

„Должина на турата е 23 километри, и трае седум часа. Би можеле да речеме дека е средно-тешка. Добредојдени беа сите кои се чувствуваат психо-физички подготвени, не само членови на нашето здружение. Поради зимските услови, напоменавме дека секој учесник доаѓа на своја одговорност“.

„Најдолга ми е секојдневната тура низ град,зш сум нонстоп на велосипед хахаха. Сум бил речиси на сите планински тури низ Македонија,Албанија и Грција. Од потешките велосипедски тури што ми останале во сеќавање се Кајмакчалан, врвот на планината Ниџе и Подгоречко езеро на планината Јабланица. Една од подолгите велосипедски тури со екипата од „ЗШ Авантура“, ми е до Плитвичките езера во Хрватска.“, ни раскаа Жанко. Цели 25 години, тој е заштитен глас на охридското „Супер радио“.


Слично

Поврзани вести