„ВОДИМЕ ВО ЦЕНТАР, КРИВА ПАЛАНКА...“; СДСМ се пофали со подобар резултат од лани, но реагираат дека на еден човек се давале по пет избирачки ливчиња
Има обиди за поткуп кои се документираат. Во Куманово и Ѓорче Петров се давале повеќе ливчиња на еден гласач. Во Ѓорче Петров, дадени се пет ливчиња од претседателката на избирачко место на својот сопруг, нотираше генералниот секратер на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
„Во Студеничани, членовите на избирачко место биле и на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ. Во Прилеп и Крива Паланка, нотирани се закани кон активисти и кандидати на СДСМ. Во Неготино, констатирано е дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ користи општински објект за потребите на кампањата. Во Богданци, раководител на ОВР Гевгелија со возило на Национални шуми агитирале за ВМРО-ДПМНЕ. Во Охрид, Крива Паланка и Прилеп, штабовите на ВМРО-ДПМНЕ биле активни и агитирале за време на изборниот молк“, рече Димитријевиќ.
Тој посочи дека водат во неколку општини.
„СДСМ води во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново Облешево, Кривогаштани и Богданци. Тесна битка е во Неготино, Валандово и Македонска Каменица и Лозово. Водиме и во Дојарн, но таму ќе има втор круг. Имаме подобар резултат од минатата година“, вели Димитријевиќ.
