Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водечка унгарска компанија од хотелиерството заинтересирана за изградба на капацитети во Македонија

Водечка унгарска компанија од хотелиерството заинтересирана за изградба на капацитети во Македонија
Има разговори со мултинационални компании кои се заинтересирани за инвестирање во енергетиката во Македонија, како и со водечка унгарска компанија од хотелиерство која прави анализи за можна изградба на сместувачки капацитети во Македонија вели македонскиот амбасадор во Унгарија Дарко Ангелов во интервју за Фактор. „Во моментов сме во разговори со мултинационални компании кои се присутни на унгарскиот пазар, а кои се заинтересирани за инвестирање во големи погони во Македонија во сферата на енергетиката, но за сега не би ги споделувал деталите додека разговорите се во тек. Исто така водечка унгарска компанија од хотелиерство прави анализи за можно инвестирање во изградба на сместувачки капацитети во Македонија“, вели Ангелов во интервјуто за Фактор, кое интегрално ќе го емитуваме подоцна во текот на денот.
Слично

Поврзани вести