Водата во Берово по направената реконструкција на Филтер станицата е исправна за пиење
Водата од градскиот водовод во Берово е исправна за пиење, вели директорот на комуналното претпријатие „Услуга“, Илија Рунтевски.
Тој посочи дека по извршената реконструкција на Филтер станицата и трите направени анализи од Институтот за Јавно здравје, претпријатието доби и официјална потврда за бактериолошка исправност на водата за пиење.
- Реконструкцијата на станицата беше предводено да трае еден месец, но поради непредвидени активности се оддолжи скоро два месеци. Реконструкцијата шродолжува и понатаму, сега е пуштена водата, процесот е стабилизиран и можеме да објавиме дека водата е чиста и исправна за пиење - рече Рунтевски.

Процесот поради продолжување на целосната реконструкција моментално се одвива во мануелна форма, а се очекува наскоро функционирањето на станицата да биде и автоматизирано.
- Досега работите опфаќаа, таложникот е целосно реконструиран, испескарен преман со најеколошки и најсовремени бои, заменета е комплетно целата влезна шахта со сите нејзини делови мешачи и дозерно одделение. Исто така и филтрите се испескарени и префарбани со еколошки бои само за оваа намена, а во процес е и реконструкција на одделението за хлорирање на водата. Битно е дека процесот се одвива нормално и дека водата е исправна за користење за пиење и за домаќинствата - додаде Рунтевски.
Филтер станицата е пуштена во 1984, 85 година, пред 15 години со помош на белгиска донација е направена мала реконструкција, а денешната е првата комплетна реконструкција од нејзиното постоење направена со средства од Министерството за животна средина.
Извор: МИА