Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водачите на „За заедничка Македонија“ засега без постапки за Крвавиот четврток

Водачите на „За заедничка Македонија“ засега без постапки за Крвавиот четврток

Сеуште нема истрага или конкретни дејствија од страна на ОЈО што ќе даде одговор дали водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ имаат вина на Крвавиот четврток кога заедно со демонстрантите влегоа во Собранието на Република Македонија.

Органите на прогонот не поведуваат никаква постапка против организаторите на протестите кои прераснаа во насилен упад во Собранието. Еден од организаторите и водачите на Иницијативата „За Заедничка Македонија“ вели дека никој не го повикал да разговара со него за случајот.

„До сега не сум повикан ниту од Судот ниту од јавното Обвинителство, на располагање на институциите се двете адреси. Што се однесува на повторно враќање на протестите и покренувањето на иницијатива, не можам да кажам ништо поконкретно“, вели Богдан Илиевски од „За Заедничка Македонија“, за Алсат-М.

Слично

Поврзани вести