Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОДАЧ НА „КОНДОВСКАТА ГРУПА“: По што го памети јавноста Агим Красниќи?

ВОДАЧ НА „КОНДОВСКАТА ГРУПА“: По што го памети јавноста Агим Красниќи?

Агим Красниќи, кој пред неколку месеци беше уапсен на Косово, а завчера заедно со Сеат Рамадани беа ипорачани на македонските правосудни органи, јавноста го памети како водач на „кондовската група“, која пред точно 20 години предизвика инциденти со елементи на тероризам, откако го зазеде Кондово.

Во 2004 и 2005 година т.н. кондовска група зароби и неколку полицајци, по што Агим Красниќи и неговата група беа обвинети за кривичното дело подготвување на тероризам. Но тогаш Красниќи доби ослободителна пресуда со образложение дека нема докази за дејствија кои, според законот, го опишуваат оваа кривично дело. Апелациониот суд ја поништи ослободителната пресуда и го врати предметот на повторно судење, а во меѓувреме, против Красниќи беа подигнати обвиненија и за други дела. За дел од нив беше осуден. Тој беше член и на партијата ДПА.

Агим Красниќи и Сехат Рамадани сега се сместени во затворот во Штип за доиздржување на казната на која беа осудени, каде не се вратија по слободен викенд во 2020 година.

И Красниќи и Рамадани треба да одлежат уште три од вкупно 15 години затвор колку што добија во 2008 година. Беа осудени за повеќе кривични дела, поврзани со киднапирање, насилство, изнуди и нелегално оружје.

фото: ФБ

Слично

Поврзани вести