Вода навлегува во МНТ и Државниот архив
Двата нови објекти кои беа градени со мегаломански буџети на кејот на Вардар се со поплавени подрумски простории каде водата од надојдената река навлегоа во текот на денот.
Новата зграда на Македонскиот народен театар се соочува со проблеми со поплавување на дел од просториите, а слична е и состојбата со Државниот архив, и зданија како дел од проектот Скопје 2014.

Денеска екипи на ЈП Водовод и канализација поставуваа насипи со вреќи песок на десната страна на коритото на реката Вардар каде се наоѓаат и галиите. Токму овие имитации на бродови како и зголемената градежна активност се меѓу главните причини за проблеми со водостојот на реката Вардар.
Потоа кризниот штаб во кој членуваат повеќе институции од градот Скопје водеше акција и за поставување на вреќи со песок на левата страна на Вардар каде се наоѓаат повеќето новоизградени објекти.
Состојбата ќе се следи во текот на целата вечер и по денешното мобилизирање екипите на терен ќе имаат на располагање 1000 вреќи со песок за поставување насипи на критичните точки низ скопје.
