ВО ЖИВО ПРОТЕСТ: Граѓаните порачаа дека ќе бидат упорни за одбрана на името
Граѓаните кои вечерва излегоа на протест во Скопје за одбрана на името пеат патриотски песни и извикуваат „Македонија, Македонија“, „Заев предавник“.
Дојдени се со автобуси и возила од повеќе градови на земјата.
На протестот е присутен и владиката Агатангел.
Се бара прекин на преговорите со Грција за името. Велат дека ќе бидат упорни до крај.„Оваа борба продолжува“ - беше кажано на протестот.
Протестот е организиран од патриотското здружение „Тврдокорни“ и „Македонски Обединети Сили“ за одбрана на името „Македонија“.
Слично
