ВО ЖЕНИТЕ Е СИЛАТА - моќните дами во власта во неформална атмосфера
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска сподели заедничка фотографија од неа и нејзините колешки од министерствата и државните институции, со наслов „Силата е во жените“.
Станува збор за дами кои се на високи позиции во власта и во владејачката партија СДСМ, и кои во енергијата со која ги извршуваат своите задачи нималку не заостануваат од своите колеги во владиниот кабинет.
Имено, на фотографијата се Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Славица Грковска, вицепремкиерка за владини политики за добро владеење, Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, Каја Шукова, министерка за животна средина, Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда, како и Маја Манолева, заменик министерка за здравство.
Тие се фотографирани во неформална атмосфера во еден угостителски објект.
