ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СИРИЈА ЗАГИНАЛА ЧЕТИРИГОДИШНА ВНУКА НА СКОПЈАНКА - потресни детали за една тажна судбина
Во сирискиот град Алепо, во разорниот град кој ја погоди Сирија, под урнатините на зградите за жал останала и четиригодишната внука на Бранка Недељковиќ, Македонка која над две децении живеела во Сирија, пред да избега поради војната.
Во обид да си ги извлече од станот на 4-кат во зградата, двете деца и сопругата, помладиот син во семејството Неделковиќ не успеал да ја спаси ќерка си.
„Тие не се повредени, тие се добро, ама девојчето.. четири години, отишла. Започнале да паѓаат делови од кујната, трчал да ги спаси, го спасил едното, не можел и другото, не можам ништо да го разберам и тој е потресен, и нема линија да зборувам со него. Нема контакт, нема струја, нема интернет“ вели Бранка Недељковиќ, за телевизијата Алфа, а премесува Курир.мк.
Доколку на време се вратеа во Македонија, ништо од ова немаше да се случи, низ солзи вели Бранка Недељковиќ.
