Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во земјава ќе допатува бугарски тим од истражители и обвинители поради автобуската несреќа

Во земјава ќе допатува бугарски тим од истражители и обвинители поради автобуската несреќа

Бугарски тим од шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат во поведената предистражна постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопат „Струма“. 

За идентификација на загинатите државјани, бугарската екипа на лице место ќе ги добие ДНК профилите од роднините на загинатите за да ги спореди со ДНК профилите на жртвите, односно тие треба да се идентификуваат што е можно поскоро. 

Во оваа насока, главниот обвинител Иван Гешев ќе испрати обвинител во Скопје, како и еден истражител од тимот кој ќе го достави барањето за правна помош до Обвинителството на Северна Македонија. Заради брзина и ефикасност, упатениот тим лично ќе ги преземе потребните документи, прецизира Сијка Милева, портпарол на јавниот обвинител на Бугарија.

Mинистерот за наворешни работи, Бујар Османи најави дека постапката за идентификација ќе трае 7 дена. 

фото ЕPA

Слично

Поврзани вести