ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО СЕ ЛЕКУВААТ 69 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ: Каква е нивната состојба?
– Во Хируршка клиника ,,Св Наум Охридски”-6,
-На Клиника за пластична хирургија -4 пациенти пристигнати синоќа од странство,
-На Клиника за токсикологија има двајца пациенти (еден од претходно кој е префрлен од Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски” и еден кој ноќеска е дојден од Шпанија) и еден пациент е хоспитализиран на Клиника за пулмологија.
-Во Систина се лекуваат двајца пациенти.
Сите пациенти кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба.
Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во државата и странство.
На 16 март во дискотеката Пулс во Кочани изби пожар, каде загинаа 59 луѓе, а имаше околу 200 повредени. Вчера почина Александар Карадаковски кој се лекуваше во Литванија. Со тоа бројот на загинати се зголеми на 60.
Во Кочани денеска семејствата на загинатите излегоа на марш.
