Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Железара се запалило масло од турбогенераторот на подружница на АД ЕСМ

Во Железара се запалило масло од турбогенераторот на подружница на АД ЕСМ

Експлозијата и пожарот кој следувал што денеска рано изутрина се случил во комплесот „Железара“ во Скопје при редовна процедура за чистење на филтер за масло на турбогенератор.

Инцидентот се случил во машинската хала во подружницата „Енергетика“ на АД Електрани на Северна Македонија кога дошло до протекување на турбинско масло и запалување на истото.

Вработените брзо го локализирале пожарот, пред пристигнување на противпожарните екипи од кругот на населбата Железара и на град Скопје.

АД ЕСМ инцидентот го пријавил и во МВР а од таму велат дека немало прекин на преносно-дистрибутивниот систем за електрична енергија и на снабдувањето и дистрибуцијата со топлинска енергија.

Во иднина ќе се превземат мерки за понатамошна заштита на турбогенераторот и останатата опрема од несакани последици.

Преку оваа подружница на АД ЕСМ, со парно греење се снабдуваат 3.700 корисници во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.


Слично

Поврзани вести