Во Зелениково ќе се градат луксузни хотели?!
Во општина Зелениково е предвидено да се градат огромен спортско – рекреативен центар и луксузни хотели, Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на градежно земјиште со површина од преку 65 хектари, од кои 644.391 метри квадратни се во сопственост на државата.
Локацијата е сместена во месноста Пакошево, окулу 10 километри од скопскиот аеродром и од автопатот од Коридорот 10. Почетната цена на земјиштето изнесува 53 денари за метар квадратен или околу 560 илјади евра вкупно. Депозитот за учество на електронската лицитација изнесува 4 милиони денари.
Заинтересираните инвеститори треба да се пријават најдоцна до 3 јули, а наддавањето е предвидено да се одржи на 10 јули, објави порталот Build.mk. Идниот сопственик ќе треба да обезбеди градежна дозвола во рок од 12 месеци од купувањето на земјиштето, а голф – терените и хотелските комплекси треба да ги изгради во рок не подолг од 6 години од денот на правосилноста на одобрението за градење.
Од Општина Зелениво во неколку наврати наназад во медиумите нагласуваа дека постојат заинтересирани странски инвеститори за вложување во овој огромен проект.
Слично
