ВО ЗАТВОРОТ ВО КУМАНОВО: Се самоуби Усеин Рашидов кој усмрти жена со 40 убоди од нож
Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на Танкица Младеновска од Кочани, Усеин Рашидов.
Toj минатата недела на свиреп начин ја уби жената, а утринава е пронајден мртов во притворската ќелија.
Ненад Цветковиќ, директор на Затвор Куманово за МИА ја потврдува информацијата дека телото на осуденото лице е пронајдено околу 6 часот. Вели дека се известени јавното обвинителство и судот, а телото е предадено на обдукција. Рашидов е осуден на доживотна казна затвор за стореното свирепо убиство. Тој лани со 40 убоди ја усмрти Танкица. Ја чекал пред нејзината куќа и ја уби. Претходно, со години ја уценувал.
Слично
