Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во „зафирата“ му нашле куршуми, дома во село Љубин цела работилница за оружје

Во „зафирата“ му нашле куршуми, дома во село Љубин цела работилница за оружје

Полицијата открила работилница за оружје во Љубин, скопско каде е пронајдено оружје и муниција, соопшти денеска МВР

„На 09.07.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје запреле патничко моторно возило „опел зафира“, управувано од М.Ш. (38) од с. Љубин. При преглед на возилото пронајдени се 300 куршуми различан калибар.

Потоа, по добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.Ш. во с. Љубин и при тоа е откриена работилница за поправка на оружје, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција. М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава, стои во соопштението од МВР.


Слично

Поврзани вести