ВО ВТОРНИК ПАК НЕВРЕМЕ: При грмотевници не престојувајте на отворено или под осамени дрвја
Во вторник се очекува повторно да има невреме во Македонија.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. При грмотевици, граѓаните не треба да престојуваат на отворено или под осамени дрвја.
Оваа недела имаше невреме. Најпогодени беа скопско, тетовско и кумановско.
Слично
