Во вторник ново задолжување, а ден подоцна раздолжување
Државата во вторник ќе позајми 113,5 милиони евра од домашните кредитори.
Ден подоцна власта треба да врати 53 милиони евра. До изборите, власта треба да врати вкупно 124,6 милиони евра, а до крајот на годината треба да врати вкупно 160,5 милиони евра. Овие доспеани долгови се само од домашните државни хартии од вредност.
По секое задолжување, дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов реагира дека земјата е презадолжена и дека парите ќе треба да ги враќаат граѓаните.
И експертите алармираат за растот на јавниот долг.
Слично
