„ВО ВРЕМЕ НА АИ РЕВОЛУЦИЈА ВО СВЕТОТ, КАЈ НАС КАМПАЊАТА БЕШЕ ЃУБРЕТАРСКА“: Васко Кичевски со критики за понудата на кандидатите
Поранешниот директор на Паркинзи на Општина Центар од СДСМ, Васко Кичевски, со големи критики за изборната кампања во Македонија.
„Помина кампањата за локалните избори и цела кампања ќе ја опишам со еден збор: КАТАСТРОФА. Во време на AI револуција во светот, кај нас кампањата беше ѓубретарска. Никој, ама баш никој, не понуди визија за модернизирање на општините, за тоа како тие функционираат, за намалување на бројот на вработени и за автоматизација на процесите. По сè изгледа, следните четири години единствен фокус на градоначалниците ќе биде издавање градежни маркички, а ние ќе се гушиме во смог и смет. ЖАЛНО.
Слично
