Во Врање повеќе се вакцинираат Македонци од Срби
Во српскиот град Врање повеќе се вакцинираат Македонци од Срби.
Податоците на Здравствениот центар (ЗЦ) од Врање, покажуваат дека вчера се аплицирани вкупно 213 вакцини, од кои прва доза примиле 70 македонски граѓани, за разлика од 38 српски. Втора доза, пак, примиле 58 македонски државјани, за разлика од 47 Срби, јави дописникот на МИА од Белград. Прва доза Фајзер примиле 70 лица, а втора – 56 граѓани. Прва доза на кинескиот Синофарм е дадена во 38 случаи, а втора во 49 случаи. Руската вакцина Спутник В и Астра Зенека во Врање не беа аплицирани вчера. Вкупниот број вакцинирани граѓани на Врање и од други градови во Србија, Македонија и други земји во Спортската сала во Врање од почетокот на вакцинацијата до 27 јули е 77.736 луѓе.
На вакциналните пунктови во Македонија и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 500.995 граѓани.
фото Википедија
