Во Врање на Македонци им се продавани вакцини за 40 евра?
Во српските медиуми се појави информација дека за 40 евра продавале вакцини на Македонци.
Некои граѓани на Врање им продавале вакцини на граѓаните на Македонија, за 40 евра по доза, поради што припадниците на безбедоносната агенција БИА уапсиле две лица од Врање, неофицијално дознава Инфо Врањске, јави дописникот на МИА од Белград. Медиумот пишува дека ако се потврди дека ова е вистина, Врање ќе доживее уште еден срам.
Информирани од местото на настанот дека поединци продаваат вакцини на Македонци, за 40 евра по доза, припадниците на БИА презедоа акција и под сомнение за оваа „работа“ во полициската управа во Врање приведоа две познати лица од Врање. Ако веста е точна, пишуваат Врањске, тогаш мора да се провери целиот ланец – кој им доставил вакцини, со кого ја делеле заработката, колку вакцини биле продадени и слично. Многу македонски граѓани примија вакцина во Србија, во период кога Македонија немаше добиено вакцини. Многу Македонци го избраа Врање поради близината. Србија пак имаше неколку вакцини на располагање.
