Во Велес се поставува опрема за проектот „Безбеден град“
Поставувањето на систем за видеонадзор на повеќе локации во Велес е во тек, како дел од најавениот проект „Безбеден град“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Велес, деновиве се врши инсталација на потребната инфраструктура – кабли, метални сандачиња, столбови и камери на главните градски улици.
На една од последните седници на Општина Велес, претставник на СВР Велес информирал дека почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ се очекува кон крајот на јули годинава.
Проектот веќе функционира во Скопје, Тетово и Куманово.
Слично
