Во Велес поделени 2 000 бесплатни табли јајца за еден час, интервенирала и полицијата
Голем метеж настанал вчера во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес за време на хуманитарна велигденска акција, на која волонтери за еден час бесплатно поделиле околу две илјади табли со јајца и кесички со црвена боја.
Порталот „СДК.МК“ јавува дека во еден момент, поради големо безредие, морала да интервенира и полицијата, за да спречи евентуално стампедо и повреди кај граѓаните.
Некои од присутните земале и по две-три табли со објаснување дека ги земаат за болни роднини или за соседи кои не можеле да дојдат.
Акцијата е идеја на велешани кои живат и работат во САД, односно на сопственици на компанијата „Шилер“
Слично
