Во Велес официјална црковна молитва против промена на името
Во црквата Св. Кирил и Методиј во Велес, владиката Агатангел ја одржа најавената организирана молитва против промена на името на нашата држава во термин на света неделна литургија. Молитвата се одвивала со озвучување.
Тој на неговите верници и следбеници им рекол дека ова е можеби еден од последните пати кога верниците се собираат под името Македонска православна црква.
Градот беше под силно полициско обезбедување во централното градско подрачје.
– Мора да има жртва. Мора да се жртвуваме макар и да останеме без работа. Мора да издржиме. Сите овие искушенија. И затоа ве повикав да се поклониме. Се надевам дека во недела на 30-ти, вие и вашите роднини и нашите непријатели, нема да излезат да гласаат – им се обрати Агатангел на присутните.
Претходно Агатангел ги повика верниците на бојкот за претстојниот рефереднум на 30 Септември. Владиката Агатангел смета дека реализиацијата на договорот од Преспа ќе значи промна на македонскиот идентитет.
– Лага е дека ќе бидеме изолирани, отфрлени и напуштени. Напредокот и просперитетот никој нема да ни го даде ако ние самите за нив не се избориме. На Европа не ѝ требаме обезличени и со срушено човечко достоинство. Потребно е да градиме вредности кои ќе го унапредуваат нашиот секојдневен живот. Европа нема да ни даде на подарок уредена држава. Тоа е наша обврска и одговорност. Менувањето на името на државата е туѓ интерес, а никако наша потреба. Тие се доволно силни и на сила да нè преименуваат, вели владиката Агатангел, кој тогаш испраќаше прогласи по поштенските сандачиња во Велес, но и во Скопје.
