Во Велес голем пожар, горат куќи, екипи од скопска Пожарна отидоа да гаснат
Во Велес вечерва горат неколку куќи. Станува збор за голем пожар над автобуската станица. Скопската Пожарна на својата фејсбук страница информираше дека била пуштена екипа да помага во гаснењето на пожарот.
„Во моментов имаме голем пожар во Град Велес. Запалени се повеќе куќи над Автобуската Станица Велес. БППЗ-Град Скопје прати помош од 3 возила за Град Велес во борба со огнената стихија“, стои на нивната страница.
Претходно, ТВ Телма објави дека голем пожар го зафатил комплексот од стара велешка архитектура познат меѓу велешани како “Варналиите”.
„За сега нема информации за загрозени човечки животи, но штетата се претпоставува дека ќе биде огромна бидејќи се работи за неколку куќи кои се прогласени за културно наследство кое датира од 1868 година“, јави телевизијата.
Слично
