Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ВАКВА ФОРМА ЗАКОНОТ ЗА МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ДОНЕСЕН: Еве што одлучи Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница

ВО ВАКВА ФОРМА ЗАКОНОТ ЗА МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ДОНЕСЕН: Еве што одлучи Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница

Извршниот одбор на СДСМ, на синоќешната седница во проширен состав,  отвори дискусија за аспектите кои што се отворени во јавноста во врска со Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.
„Предлог Законот за матична евиденција Владата го повлече од собраниска процедура во март 2022 година за да се направи дополнителна консултација, за да се исполнат очекувањата на целото општеството. Врз основа на ова, Извршниот одбор одлучи дека во ваква форма Законот за матична евиденција не треба да биде донесен и треба да продолжи процесот и вклучување на сите засегнати страни со цел изнаоѓање општо прифатливо решение.

СДСМ е партија која гради демократско општество, која силно е посветена на еднаквоста меѓу мажите и жените, која инвестира во меѓусебна толеранција, почитување на човековите права и слободи“ објавија оттаму.

Исто така, „Извршниот одбор истакнува дека вредностите на СДСМ како социјалдемократска и граѓански ориентирана партија, почиваат на темелите на еднаквоста, солидарноста и социјалната правда.

Извршниот одбор на СДСМ заклучи дека консултативниот процес за Законот за родова еднаквост треба да продолжи, да се прошири јавната дебата со сите засегнати страни и чинители, со цел доаѓање до решение во интерес на целото општество, пред законот да влезе во владина и собраниска процедура.“, се наведува на нивната Фејсбук страна.

Слично

Поврзани вести