Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во уште една држава ќе патуваме само со лична карта

Во уште една држава ќе патуваме само со лична карта

Веќе е потврдено и официјализирано дека македонските државјани во Босна и Херцеговина ќе може да патуваат само со лична карта без потреба од патна исправа, со што се зголемува бројот на балкански држави во кои Македонците можат многу послободно да патуваат и да се движат. Ова е иницијатива покрената од владите на Македонија и БиХ од пред неколку години и е пред самиот финиш/

На вчерашната седница на македонската Влада е разгледан и прифатен Извештајот за завршени преговори за усогласување на текстот на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти.

По усогласувањето на спогодбата и по ратфикацијата во собранијата, граѓаните од двете земји во Македонија и во Босна и Херцеговина ќе можат да патуваат со лични карти, соопшти владината прес-служба.

Со претходните ратификуавни договори, македонските граѓани само со лична карта може да патуваат и во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.


Слично

Поврзани вести