Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Ургентен примени 28 повредени

Во Ургентен примени 28 повредени

Во Ургентен центар во Скопје  се примени 28 пациенти, од кои 5 се задржани на клиниката, а другите се пуштени на домашно лекување. 

На клиниката синоќа била примена и пратеничката од СДСМ, Радмила Шеќеринска, која имала контузна рана на главата.

„Таа има контузна рана, односно повреда на главата, зашиена е и пуштена на домашно лекување. На КАРИЛ примен и задржан е еден од повредените пратеници“ – вели директорот Реџеп Селмани. 

Најтешки повреди има пратеникот Зијадин Села. 

Тој кажа дека меѓу повредените има и полицајци, податоци за возраста немаше, но кажа дека станува збор за работоспособно население. 

Слично

Поврзани вести