Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во училиште во Ченто во тоалетот е најдена рамка од пушка

Во училиште во Ченто во тоалетот е најдена рамка од пушка

Рамка од пушка e пронајдена во тоалет во основно училиште во Скопје. 

Станува збор за училиште во населбата Ченто, соопшти полицијата. 

„Денес во 7.55 часот во основното училиште ’25 ти Мај’, лоцирано на ул.’Алија Авдовиќ’ во Скопје, во машкиот тоалет од страна на хигиеничар пронајдена е рамка од пушка. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

По масакрот кој на 3 мај се случи во училиште во Србија, имаше поплаки од родители дека во едно скопско училиште ученик доаѓал на настава со нож. 

Слично

Поврзани вести