Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

Во основните училишта во Велес секој понеделник ќе се интонира химната. 

Со 20 гласа „за“ Советот на Општина Велес донесе одлука од следната учебна година во основните училишта секој понеделник задолжително да се интонира македонската химна.

„При интонирање на химната, основните училишта се должни задолжително да обезбедат соодветни услови за достоинствено следење на химната од страна на сите ученици, вработените и други присутни од почетокот до крајот на интонирањето на химната“, се наведува во одлуката.

Одлуката беше донесена едногласно, а беше предложена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.

Арбр Адеми од ДУИ ова достигнување го препиша на политичките противници од „Вреди“. 

foto Wikipedia/Rašo

Слично

Поврзани вести