Во учебниците ќе бидат забранети географски мапи од „Голема Македонија“, Грците ќе го вежбаат зборот „Битола“
Географските мапи на кои е претставена „Голема Македонија“ во учебниците е најголемиот приоритет кој го бара грчката комисија составена од експерти во интердисциплинарниот комитет што се состанува согласно Преспанскиот договор, пренесува МИА:
Според грчката страна од комисијата, визуелно тоа е највидливата точка на иредентизмот,објаснуваат официјалните грчки дипломатски избори за МИА .
Кога станува збор за географските поими, грчките експерти прифатиле, наместо како до сега, градот Монастири како што е на грчки, на нивните мапи ќе треба да стои „Битола (Монастири)“.
Другите две барања се наставниците и професорите да добијат упатстава за наставата во новата учебна година
да не предаваат материјали што содржат иредентизам или ревизионизам и од книгите да се исфрлат било кои античко грчки симболи што постојат или
особено симболи на античкиот грчки македонизам, кои што „поради оптичкиот контакт и
како слики влијаат на децата“.
