Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во убиството на словачкиот новинар вмешани Албанци од Македонија?

Во убиството на словачкиот новинар вмешани Албанци од Македонија?

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија. Овие албански бизнисмени соработувале со италијански мафијаши од Ндрангета, пишува B92.

Истрагата тргнала по тој пат затоа што Кучијак во своите текстови анализирал сомнителни зделки меѓу неколку албански семејства во Словачка.

„Работевме со Кучијак на досиеја кои се однесуваа на албанската мафија”- изјавила за „Млад фронт“ истражувачка новинарка од Чешка која соработувала со Кучијак во истражувањата за италијанската мафија, нејзините врски со словачки политичари и злоупотреби со европски субвенции за земјоделство.

Според „Млад фронт“, словачката полицијата работи на повеќе од 10 верзии за можните организатори на убиството на Кучијак и неговата свршеница, чии тела беа пронајдени во нивниот дом на 26 февруари.

Слично

Поврзани вести