Во убави моменти во 2019 година, почнуваме сега!
Среќна нова 2019 година. Фактор ви посакува многу насмевки на лицата, многу разбирање, трезвеност, љубов.
Животот е полн со предизвици, со изненадувања. Но, секој сам ја одредува својата патека. Упорноста кон целта и кон соништата нека го водат вашиот пат годинава. Имајте успех и верувајте во вас.
Зад Фактор е успешна година. Во 2018 година остана еден од најрелевантните медиуми во земјава, професионален портал со најмногу авторски економски текстови, а за тоа имаше поддршка и од публиката. Во годината што измина Фактор оствари над 13,1 милиони импресии. Семејството се прошири со уште еден член, па освен Фактор и порталот Женски Магазин, од октомври на својата публика им се обраќа и првиот медиум за тинејџери Хаштаг. Женски магазин е приказна која ја знаете, а во годината што измина оствари над 6,8 милиони импресии. Хаштаг постои едвај три месеци и има 215 илјади импресии.
Фактор има желби... Македонија да стане подобро место за живеење и сите посвесно да работиме за тоа. И креаторите на политиките и граѓаните кои нив треба да ги коригираат. Да испорачаме текстови кои вас ќе ви бидат од полза, ќе ве информираат, ама и ќе ги разбудат вашите емоции.
Нашата мисија е во оваа година да објавиме многу повеќе успешни приказни, стопанството конечно да ја фати таректоријата, а вкупната економија да испорача солидни стапки на раст и ние да сведочиме за тоа.
Во убави моменти во 2019 година, почнуваме сега!
