Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во три термини, автобуси на ЈСП превезуваат волонтери до поплавените подрачја

Во три термини, автобуси на ЈСП превезуваат волонтери до поплавените подрачја

Сите волонтери кои сакаат да помогнат на било кој начин во поплавените подрачја во околината на Скопско добиваат бесплатен превоз со автобусите на ЈСП.

Автобуси има три пати на ден и тоа во 9:00, 12:00 и 15:00 часот.

Поаѓаат од следните локации:

- Ѓорче Петров - пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош - спроти Сити Мол, продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка.

- Кисела Вода - пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром - на бул. Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка.

- Бутел - пред стара општина Бутел, продолжува кон црква Св. Јован и продолжува кон крајна точка е Обилконица (Пункт накај Стајковци).

Последниот автобус се враќа во 19:00 часчот.

Слично

Поврзани вести