Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во три македонски града нема заразени со коронавирусот

Во три македонски града нема заразени со коронавирусот

Во три македонски града нема луѓе заразени со коронавирусот. 

По Дојран и Демир Капија, сега и Дебар е без активни случаи на ковид, според најновиот извештај на Министерството за здравство објавен денеска.  Во Пехчево има само 1, а во Берово, Валандово, Богданци, Македонски Брод има по 3 активни. Крива Паланка има 6, а Пробиштип 8 случаи. Македонска Каменица има 11, Кратово 14, Демир Хисар 16, а во Делчево има 24. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.

Скопје сега има 1.000 активни случаи на коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести