„ВО ТОЈ ПЕРИОД ИМАШЕ И СМЕНА НА ВЛАСТА, ПА НЕ ДОЗВОЛИВМЕ ДА ЈА ИЗБРУКАМЕ ДРЖАВАТА КАКО СЕГА“: Јакимовски уште еднаш за организацијата на Младинските олимписки игри
-Заеднички донесовме настан кој ќе ни донесе промоција, но и други краткорочни и долгорочни користи за нашата земја, за економијата и за македонскиот фудбал. Среќни сме што УЕФА ни ја даде довербата да го организираме Суперкупот. Воодушевени сме од патот по кој се движи УЕФА под водство на Мишел Платини бидејќи во сите одлуки чувтсвуваме љубов за фудбалот и почит кон сите нации, независно од нивната големина и финансиска влијателност. За македонскиот фудбал е голема чест што ќе има централна, историска улога во градењето на надворешниот имиџ на нашата земја, но тоа исто така е обврска и голема одговорност. Со добиената доверба да бидеме домаќини на еден од најголемите светски фудбалски настани ја исполнивме амбицијата да направиме уште еден чекор напред и да го дадеме својот придонес за европскиот фудбал. Тоа е тренд кој одговара на модерните времиња, а ние безусловно го следиме, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски изрази задоволство од добиената организација и најави дека Владата и ресорното министерство ќе продолжи да вложува средства се додека арената не го добие конечниот изглед.
- Денеска ние сите сме горди како Македонци, особено кога ја слушнавме информацијата дека Македонија ќе биде организатор на Европскиот Супер Куп. Можам да потврдам со сигурност дека Македонија ќе биде одличен домаќин на овој голем натпревар. Ќе ја промовираме Македонија во најдобро светло. Ќе продолжиме и понатаму со подобрување на квалитетот на нашата национална арена. Времето е кратко, но ние ќе го искористиме на најдобар можен начин за да се претставиме како добри домаќини, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.”
