Во Тимјаник отворен мал групен дом
Во неготинско Тимјаник денеска се отворени вратите на мал групен дом каде што ќе бидат сместени четири деца од Специјалниот завод Демир Капија.
Министерката Мила Царовска тврди дека недоразбирањата се надминати а децата преселени во домот.
Царовска е убедена дека Тимјаник ќе биде и ќе остане симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа.
„Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ, Сојуз на Дефектолози и СЗ Демир Капија и изминатиот период интензивно работеше на подготовка на децата за преместување во алтернативни форми на згрижување.
Во новиот мал групен дом децата ќе имаат 24 часовна поддршка од лични асистенти, специјализирани индивидуализирани програми за работа и дефектолошки третмани. Близината на училиштето и локалната заедница ќе им овозможи на овие деца полесно и побрзо да се вклопат во општеството“, соопштија од Министерството.
