Во тетовско дете е тешко повредено откако во него удри трактор
На локалниот пат во с.Беловиште, тетовско, вчера попладне трактор „ИМТ 539“, со гостиварски регистарски ознаки, со прикачена преса за балирање, управуван од К.Ф.(30) од с.Беловиште, удрил пешак на возраст од девет години од Штип.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
Деновиве во струмичко две малолетни деца загинаа при превртување на трактор.
Слично
