Во тетовско Челопек си ги убил двата братучеди
МВР уапсил 60-годишен маж кој си ги убил двата братучеди во тетовското село Челопек денеска попладне.
„Уапсено е 60-годишно лице со иницијали И.И. од село Челопек, по пријава околу 14 часот и 10 минути дека убил 2 негови братучеди од истото село и повредил еден од нив“, потврдуваат од СВР-Тетово.
Ранет е и осомничениот за убиствата, најверојатно од огненото оружје. Неофицијално, станува збор за недоразбирања во семејна заедница за место за паркирање.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека според првичните сознанија, двојното убиство во тетовски Челопек е поради нерасчистени имотни односи во семејството. Тој изјави дека во моментот се работи на расчистување на настанот, а наскоро ќе имаат подетални информации.
Слично
