Во Тетово запленета голема количина марихуана
На главниот булевар во Тетово, денеска околу 17 часот, се запленети 22 килограми марихуана.
„Алсат“, објави дека дрогата е пронајдена во автомобил марка „мерцедес“ со скопски регистарски таблички.
Приведени се две лица од Дебар, едниот од нив е возач на автомобилот, но не е исклучена инволвираност и на други лица.
Слично
