Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Тетово запалени две возила на ЕВН поради поскапувањето на струјата

Во Тетово запалени две возила на ЕВН поради поскапувањето на струјата

Тетовската пожарна објави дека синожа интервенирала на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.

-Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, потврди Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла противпожарна единица.

Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција, а се верува дека спалувањето на возилата се должи на неодамнешната одлука за поскапувањето на електричната енергија.


Слично

Поврзани вести