ВО ТЕТОВО ЗА ЕДЕН ДЕН ПОЧИНАЛЕ ПЕТ ЛУЃЕ Д-р Нуредини: Доаѓаат во многу тешка состојба
Во Тетово во изминатото деноноќие починале пет луѓе. Министерството за здравство веќе го вклучи алармат, а докторите од болницата во овој град велат дела иако има уште слободни места напливот на пациенти е огромен. Доаѓале во многу тешка состојба и веќе е се прават планови каде ќе се сместуваат сите во следните неколку денови.
„Петмина починаа за еден ден и тоа е навистина голема бројка. И на прием доаѓаат во тешка сосотојба. Како и да е излегуваме во пресрет на сите пациенти. Сепак давам апел да се внимава и граѓаните да се однесуваат совесно, вели д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид центарот.
Министерството за здравство извести денеска дека во тетовската болница во изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите.
„На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во селото Лешок, а доколку е потрбно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден, стои во соопштението.
Од Министерството за здравство велат дека се размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре. Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за лича заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.
