Во Тетово се протестираше против отворање ново казино во градот
Стотици демонстранти вчера го кренаа гласот против отворањето на новото казино во Тетово, бидејќи е во непосредна близина на универзитетот, но и поради тоа што веќе има многу казина во градот, објави ТВ21.
Местото каде се одржуваше протестот е локацијата на која ќе се отвора ново казино во Тетово и ова е причината зошто граѓаните излегоа на протест. Граѓаните бараат нивна дислокација на три километри надвор од нивниот град.
Протестот доби подршка и од ректорот на Тетовскиот универзитет, кој рече дека игрите на среќа не треба да ги има во градот на студентите.
„Универзитетот ќе ги поддржи ваквите протести се до преземање мерки. Бараме од владата и од Собранието да бидат сериозни бидејќи игрите на среќа се девијација на нашето општество и се на штета на младите генерации и на државата“, вели Вулнет Амети – ректор на Тетовскиот универзитет.
Во новиот општински предлог се бара тие да бидат на 300 метри оддалеченост од училиштата, градинките, верските објекти и центарот на градот.
