Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Тетово само 35 отсто излезност, ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ

Во Тетово само 35 отсто излезност, ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ

Државната изборна комисија ги соопшти првичните резултати од изборите за  за членови на Советот на Општина Тетово, како и за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше. Во Тетово излезноста била 35,31 отсто и имало 651 неважечко ливче.

Според првичните резултати, БЕСА добива вкупно 12 мандати со освоени 9.620 гласа, по што следува ДУИ со 11 мандати и освоени 8.702 гласа, трет е ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и освоени 3.332 гласа, а зад него СДСМ со два мандата и освоени 1.953 гласа. По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1058 гласа. 

Во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3340 гласачи од вкупно 3395 гласачи. Излезноста била 47,46 проценти.

Во Маврово-Ростуше победува кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освоил 3266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1935 гласови. Излезноста била 54,24 проценти, а имало 195 неважечки ливчиња.

Рокот за приговори трае до понеделник до 19 часот, додека рокот за сумирање и објавување на резултатите е до вторник до 01 часот. 


Слично

Поврзани вести