Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Тетово починати лица примале социјална помош

Во Тетово починати лица примале социјална помош

Во Тетово 134 лица  добивале социјална помош речиси две години по смртта, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

Таа објасни дека во Центарот за социјални работи иако знаеле дека лицата се починати и натаму им била исплаќана социјална помош.

„Нашите служби направија проверки во неколку Центри за социјална помош и пронајдоа голем број злоупотреби. 134 лица од Тетово добивале социјална помош речиси две години по смртта, а дел од нив се уште се наоѓаат во избирачкиот список. Ова е само дел од она што  го пронајдовме“ - вели Ременски.

Таа додава дека наредните денови ќе бидат обелоденети злоупотреби и за други градови. 


Слично

Поврзани вести